Утре во Скопје се собира светската елита од денталната имплантологија

- Advertisement -

Утре започнува меѓународно акредитираниот Конгрес, на кој ќе присуствуваат светски познати експерти од областа на денталната имплантологија, а кој ќе се одржи во Скопје, во хотел Хилтон од 19. до 20. април. На Конгресот ќе земат учество врвни стоматолози, орални и максило-фацијални хирурзи од целиот свет. Во рамките на Конгресот, ќе се изведе за прв пат сложен оперативен зафат на пациент – транспозиција на нерв, а видео преносот ќе се емитува во живо, пред пошироката стручна јавност, односно учесниците на Конгресот. Професор Др. Мазен Тамими, максилофацијален и орален хуирург од САД, роден во Јордан кој ќе го предводи зафатот и ќе демонстрира комплексната хируршка техника вели:“Во Скопје ќе ја презентирам техниката за транспозиција на нерв, која е многу важна и во многу случаи единствено решение кај пациентите со губиток на заби и прилично атрофирана долна вилица”.

Дигиталини трендови во стоматологијата и нови концепти во имплантологијата се секако дел од темите кои ќе ги покрие овој Конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на напредна хируршка техника во делот на имплантологијата. На Конгресот се очекуваат учесници од Европа, Америка, Азија, Африка како и еминентни доктори од Македонија.

- Advertisement -

За прв пат учесниците на конгресот ќе добијат CME европски кредит поени и меѓународно акредитиран сертификат. Конгресот e во организација на Schuetz Dental GmbH од Германија, Велидент Трејд и IMPLA Study Club од Македонија.

Сподели!
- Advertisement -