Научници планираат да го предизвикаат првото вештачко помрачување на Сонцето

- Advertisement -

Европската вселенска агенција ја стартуваше програмата PROBA, во која по прв пат во историјата ќе се обиде дапредизвика вештачко помрачување на Сонцето. Клучот на оваа мисија е лансирање на два сателити кои ќе ја проучуваат короната на Сонцето, односно атмосферата која ја опкружува нашата најблиска ѕвезда, што ќе ни овозможи подобро разбирање на соларното време.

Најголем предизвик во проектот е летањето на двата сателити во формација со голема прецизност, а искуството кое ќе го стекне ESA во рамките на мисијата ќе биде драгоцено и за идните проекти. Леталата Coronagraph и Occulter ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, на меѓусебна оддалеченост од 144 метри.

- Advertisement -

Occulter ќе лета блиску до Сонцето и ќе го блокира Сончевиот диск, фрлајќи сенка на другите планети, на ист начин како кога Месечината фрла сенка на земјината површина при вистинско помрачување. Тоа ќе овозможи Coronagraph да го фотографира внатрешниот дел од короната, што е невозможно во вообичаени околности проади заселпувачката светлина на Сонцето.

PROBA инаку, е акроним за „Project of Onboard Autonomy”, а исто така на латински значи „Ајде да се обидеме“. Кога сателитите ќе завршат со фотографирање,тимот на Земјата ќе испрати команда сателитите да се раздвојат на доволна оддалеченост за да не се судрат.

Проучувањето на короната на Сонцето ќе им помогне на научниците да го предвидуваат соларното време, како што се геомагнетните соларни бури, кои може да влијаат на сателитите во орбитата, како и на комуникациските и струјните мрежи на Земјата.

- Advertisement -

„Тоа ќе ни овозможи подобро да разбереме многу работи, како што се соларните ветришта. И понатаму има некои прашања на кои немаме одговор, посебно за бавните вештришта. Бавните ветрови се оние кои варираат и кои не се хомогени и униформни. Уште не е сигурно од каде потекнуваат“ вели Андреј Жуков, истражувач на Кралската опсерваторија во Белгија.

Двата сателити моментално се подготвуваат за конечно спојување во Белгија, од каде што ќе бидат преместени во Индија и лансирани со помош на леталото Polar Satellite Launch Vehicle во септември годинава.

- Advertisement -

Помрачувањето кое ќе го предизвикаат сателитите нема да биде видливо од Земјата.

(021)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -