Овогодинешната мисија што ги поврзува домашните стартапи со инвеститори и експерти од целиот свет ги надмина нашите очекувања и истата е прогласена за повеќе од успешна.
Скопје, во саботата на 11-ти мај во DoubleTree by Hilton, беше домаќин на над 280 гости кои беа дел од настанот што овозможува неспоредливи можности за раст, соработка и успех. Над 55 стартапи и нешто повеќе од 200 гости ја искористија можноста да се запознаат и започнат разговор со еминентни инвеститори како Dennis Farcinsen Leth, Vuk Lau, Marius Ghenea, Davor Sakac, Jonie Oostven и Silvia Lupu меѓу останатите.
Покрај дедицираните термини за директен разговор со сите инвеститори, присутните имаа можност да бидат дел од конференциите и панел дискусиите наменети за стартапи како „То Raise or Not to Raise“ во која различните профили на спикери ги објаснија нивните гледишта за предностите и предизвиците при инвестирање; „Pitching Red Flags“ дискусијата која ги обелодени деталите што ги одвраќаат инвеститорите од инвестирање во еден стартап како и работилница наменета за жени-претприемачи предводена од Liora Bet-halachmi на тема „Details do matter“.
Во втората половина на настанот се одржа „What if…? “конференција надополнета со работилница и предводена од Matthew Murrie, експерт и креатор на концептот на размислување на љубопитност, во која Timmy Ghiurau, иновациски лидер во Volvo Cars, ги презентираше неговите ставови на тема „What if AI/Robots don’t take over?“, Мартина Димоска го презентираше нејзиното мислење на тема „What if the next Silicon Valley is space?“ и Teddy Pejoski одговараше на прашањето „What if living to 200 became the new normal?“
Завршните презентации на настанот беа предводени од Roman Khaves, основачот на RIZZ – #1 апликација за online dating, кој сподели корисни совети од прва рака како да се разработи стартапот и да се придобијат првите корисници, потоа Silvia Lupu која пренесе корисни совети како успешно да се продаде еден стартап на инвеститори и на крај Timmy Ghiurai кој објасни како AI ќе влијае на сите индустрии во иднина.
Динамичната и возбудлива атмосфера беше воодушевувачка глетка во просторијата каде се одржуваа директните средби помеѓу инвеститорите и стартапите, како и на „Startup Alley“-то каде стартапите ги пречекуваа инвестиорите и одговараа на нивните прашања.
Вечерта заврши со одржување на финалето на The Founder Games – првото реално шоу за претприемачи што моментално се прикажува на публиката, а победникот што заминува за Силиконската Долина ќе го дознаете за многу кратко. Додека во тајност ги чуваме сите слики од „Unicorn Carpet“ каде дефилираа стартапите што се натпреваруваат со нивните ментори, докажани претприемачи, ве покануваме да ги погледнете сите епизоди на The Founder Games и да го изберете вашиот фаворит, додека сте директен соучесник на сите подеми и падови на претприемничкиот ролеркостер.
Longest Pitch Marathon 2024 беше вистинско освежување за македонската стартап заедница. Позитивните искуства и пофалните коментари што ни пристигнуваат од гостите, инвеститорите и стартапите и уште една мотивација, одговорност и обврска да продолжиме со нашата мисија и со заеднички сили и иницијативи да ги пронајдеме сите македонските еднорози, а веќе сме сигурни дека ги има!