Невработеноста во првото тримесечје скоро 13%

- Advertisement -

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година, активното население во земјава е 788.909 лица, од кои вработени се 687.351, а 101.558 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 52.1%, стапката на вработеност 45.4%, додека стапката на невработеност е 12.9%.

- Advertisement -

Во меѓувреме, работоспособното население над 15 години е 1.515.603 луѓе, а неактивното население е 726.694 луѓе.

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -