- Advertisement -
Цената на сите нафтени деривати од вечерва на полноќ се зголемува. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се покачува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 81 денар по литар. За 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+ и од утре ќе се продава по цена од 83 денари по литар.
Расте цената и на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и ќе се продава по 74 денари по литар.
- Advertisement -
Се зголемува и цената на екстра лестното масло за 0,5 денари и ќе се продава по 73 денари, расте и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по цена од 44,5 денари по килограм.
- Advertisement -