Мароко потврди дека почна да користи вештачка интелигенција (ВИ) во судовите низ целата земја.
„Вештачката интелигенција воведе значајни промени ширум светот. Ја купивме програмата за вештачка интелигенција и му ја предадовме на претседателот на Високиот судски совет да ја дистрибуира меѓу судиите. Оваа програма ги препишува пресудите на судиите наместо рачно да ги пишува“, рече министерот за правда, Абделатиф Уахби за време на состанокот на Комисијата за правда во Претставничкиот дом на Парламентот.
Мароканскиот министер рече дека воведувањето на вештачката интелигенција има за цел да ја олесни работата на адвокатите и судиите. Според него, програмата ќе им овозможи на правните експерти ефикасно да пребаруваат во архивите со правни текстови и судски пресуди. Уахби, исто така, рече дека неговото министерство подготвува закон со кој ќе се регулира употребата на вештачка интелигенција во Мароко.
„Законот има за цел да спречи проблеми слични на оние со социјалните мрежи, каде што личната приватност често не се почитува“, додаде тој.
Мароко планира да организира конференција во септември за да ги истражи меѓународните практики за вештачка интелигенција и да воспостави правна рамка за нејзино регулирање.
Во февруари земјата најави формирање на две училишта за примена на вештачка интелигенција и дигитализација во градовите Тарудан и Беркане.
(Al Jazeera Balkans)
(фото: Wikimedia)