Според истражувањето објавено во списанието Psychological Medicine, посилната марихуана достапна за луѓето денес значи дека тинејџерите кои ја пушат имаат 11 пати поголеми шанси да развијат проблеми со менталното здравје од оние кои не ја пушат.
Врската меѓу канабисот и психотичните нарушувања може да биде посилна отколку што сугерираше претходното истражување, кое главно се засноваше на постари податоци кога канабисот беше помалку ефикасен од денес, велат истражувачите, предупредувајќи дека тинејџерите се особено ранливи на ефектите од канабисот.
Научниците ги прегледаа претходните медицински податоци од Универзитетот во Торонто, Центарот за зависност и ментално здравје и ICES, порано познат како Институт за клиничка евалуативна наука. Станува збор за податоци за 11.000 тинејџери од Онтарио, каде што се земени предвид и податоци за нивните хоспитализации, повици до итните служби и информации за амбулантски посети од лекари на млади пациенти.
Тие велат дека нивното истражување е првото што сугерира „поврзаност меѓу употребата на канабис кај тинејџерите и последователните дијагнози на психотични нарушувања“.
Најдовме многу силна поврзаност меѓу употребата на канабис и ризикот од развој на психотични нарушувања во адолесценцијата. „Бевме изненадени бидејќи не најдовме докази за таква поврзаност меѓу луѓето во младата зрелост“, рече еден од учесниците во студијата, Андре Мекдоналд.
Научниците претпоставуваат дека мозокот на тинејџер во развој во денешно време реагира многу полошо на марихуаната денес, која е многу посилна во споредба со таа од пред неколку децении.
Просечната јачина на тетрахидроканабинолот (THC), главната психоактивна компонента на канабисот, се зголемила од околу 1% во 1980 година на 20% во 2018 година, велат истражувачите.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)