Халкбанк го креираше пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), кој покрај банкарски услуги, ќе понуди и финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, културно – забавни активности и корисни општествено – одговорни практики, пред сè насочени кон заштита на животната средина, едукација, стимулирање активен спортски живот, дружба и забава. Со цел да биде прилагоден на животниот стил на младите, Halk EZ нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, вадење готовина во земјата и во странство без провизија со Visa бесконтактна картичка, платежна сметка без трошоци за водење и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
„Нашите анализи покажаа дека недостига еден сеопфатен банкарски пакет за млади, кој одговара на нивните секојдневни потреби и навики. Halk EZ е наменет за сите млади на возраст од 16 до 24 години без разлика дали се средношколци, студенти, започнуваат сопствен бизнис или пак зачекориле во првото враобтување. Нашиот концепт предвидува, покрај специјално прилагодени банкарски услуги, Halk EZ да претставува и еден вид платформа која ќе поддржува младински иницијативи, ќе стимулира општествена одговорност и свесност и ќе креира корисни и забавни содржини за младите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Пакетот Halk EZ се креираше врз основа на реалните очекувања и потреби на младите луѓе и е прилагоден на нивниот брз и динамичен живот и навиките за користење дигитални услуги.
„Банката треба да е пријател на младите бидејќи е дел од нашето секојдневие, да биде катализатор на нашите идеи и креатор на нови можности“, вели Александар Николовски, претседател на Студентското собрание при УКИМ и студент на монетарна економија, финансии и банкарство.
Една од првите промотивни активности на овој пакет е наградната игра Со Halk EZ до Exit преку која сите млади кои ќе отворат сметка во Халкбанк најдоцна до 4-ти јули стануваат потенцијални добитници на една од петте ВИП влезници за двајца за фестивалот Exit кој од 10 до 14 јули ќе се одржи во Нови Сад.