Србија ќе го испрати својот прв сателит во вселената

- Advertisement -

Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во орбитата, кој ќе се приклучи на групата од 106 земји кои веќе имаат вселенски програми. Лансирањето на сателитот „Мозаик“ меѓу ѕвездите е планирано за крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година, со идеја да остане во орбитата две до три години.

Раководителот на проектот и научен соработник на Астрономската опсерваторија во Белград, д-р Милан Стојановиќ, објасни дека на сателитот ќе има мала камера која оддалеку ќе ја снима Србија.

- Advertisement -

„Иако има снимки со поголема резолуција од Google или некои други сателити, тие не ни се секогаш достапни. Така еднаш дневно ќе добиваме слики од нашата земја, но и подобро ќе ја совладаме оваа технологија“, објаснува Стојановиќ.

Според него, споредната цел на мисијата е да се научат и да се совладаат сите техники: од набавка на компоненти до самото лансирање на сателити во вселената, за подоцна да работат на изградба и испраќање на поголеми авиони.

- Advertisement -

„Мозаик“, според Стојановиќ, спаѓа во класата мали сателити познати како „cube sat’, со димензии 10х10х10 сантиметри, кои колоквијално се нарекуваат коцка или наносателити, бидејќи се состојат од три коцки, кои можат да се спојат во една целина.

На овој проект, кој започнаp пред околу две години, покрај Астрономската опсерваторија, работеле и Машинскиот, Математичкиот и Електротехничкиот факултет во Белград, како и Институтот „Михајло Пупин“.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -