Етиопија гради мега аеродром вреден шест милијарди долари

- Advertisement -


Авиокомпанијата Ethiopian Airlines потпиша договор со консултантската фирма Dhar од Дубаи и ќе изгради мега аеродром, најголем во Африка, вреден шест милијарди долари во близина на главниот град Адис Абеба, објавија државните медиуми.

Новиот аеродром со четири писти ќе опслужува 100 милиони патници годишно. Ќе бидат потребни пет години за да се изгради и ќе зафаќа 35 квадратни километри, изјави извршниот директор на Ethiopian Airlines, Месфин Тасев, за новинарите во петокот.

- Advertisement -

„Првата фаза ќе биде изградба на аеродромски инсталации со капацитет за 60 милиони патници годишно, а со завршување на втората фаза ќе оди за 100 милиони патници годишно“, рече Тасев.

Компанијата компаниите, според договорот, ќе и помогнат на „Етиопија ерлајнс“ да избере изведувач.

- Advertisement -

Ethiopian Airlines е најголемата авиокомпанија во Африка, со обрт од седум милијарди долари во 2023/2024 година и превезува 17,1 милиони патници. Центарот на таа авиокомпанија е меѓународниот аеродром Боле во Адис Абеба, кој има максимален капацитет од 25 милиони патници годишно, така што идниот аеродром би имал четири пати повеќе сообраќај од него.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -