EarthCare.ai на Горјан Јовановски нуди вредни информации за енергетскиот, банкарскиот и консултантскиот сектор

- Advertisement -

Донесувањето одлуки за компаниите, институциите, па и за секој човек, во многу зависи од климатските услови. Импактот на климатските промени во иднина ќе биде уште поголем, а навремените информации ќе бидат клучни за донесување на правилни одлуки.

Новата платформа EarthCare.ai на творецот на Мој воздух, Горјан Јовановски е веќе во употреба, а со следење на сателитски, радарски и други типови на податоци, ќе може да предвидува поплави, ветришта, шумски пожари, суши, бури, екстремно високи или ниски температири и многу други фактори кои влијаат врз бизнисите и нивните одлуки. Јовановски најавува дека, за почеток, податоци ќе се обезбедат за енергетскиот, банкарскиот и консултантскиот сектор, со можност за ширење кон градежниот и осигурителниот сектор во иднина.

- Advertisement -

Горјан, деновиве официјално ја лансиравте вашата климатската платфрома EarthCare.ai. Објаснете ни за каква платформа поточно се работи?

EarthCare.ai ја нарекуваме глобална платформа за бизнис климатска интелигенција. Таа им помага на средните и големи компании да го следат импактот од климатската криза и временските непогоди врз нивниот бизнис. Со помош на сателитски, радарски и други типови на податоци, имаме можност да следиме историски, во живо и да предвидуваме поплави, ветришта, шумски пожари, суши, бури, екстремно високи/ниски температири и многу други фактори кои влијаат врз бизнисите и нивните физички асети.

- Advertisement -

Какви информации ќе понуди EarthCare.ai и за кои индустрии тие би биле најкорисни?

Нашите таргет индустрии за почеток се енергетскиот, банкарскиот и консултантскиот сектор, со можност за ширење кон градежниот и осигурителниот сектор во иднина. Сите овие сектори имаат ризици од климата, и потреба да прават детални анализи. Банките сакаат да знаат дали позајмицата што ја даваат на некој бизнис да отвори фабрика ќе биде направена во место кое често се поплавува. Енергетските компании сакаат да следат колку струја ќе биде произведено од соларни панели и ветерници, и колку штета би имало врз нивната инфраструктура од временски непогоди. Консултантите помагаат на голем број фирми да го следат физичкиот ризик од климатските промени, нешто што и од НБРМ сега ќе се бара во Македонија, а веќе се бара како дел од ESG во странство. За сите овие индустрии, EarthCare.ai нуди целосна анализа и генерирање извештаи со само еден клик.

- Advertisement -

Кога ја креиравте EarthCare.ai кои беа целите што сакавте да ги постигнете?

Уште пред EarthCare.ai, со апликацијата за следење на аерозагадувањето AirCare научивме колку е битно да имаме јасен и лесен пристап до податоци за животната средина, доколку сакаме истите да ги искористиме во носење на правилни одлуки. Затоа решивме да креираме климатска платформа што многу го олеснува пристапот до овие податоци за секој бизнис кој има потреба од нив.

Суровата реалност на климатските промени ја доживуваме и деновиве преку екстремните температури, сушата, поројните дождови и борбата со пожарите низ целата земја. Колку нашите институции се свесни за важноста на климатските информации при донесувањето на одлуките?

Од тоа што гледам во Град Скопје, многу малку се користат информациите поврзани со климата, посебно на долг рок. Често сакаме паушално да ги спомнуваме, но вистински платнови ретко се појавуваат. Експерти имаме околу нас, од професори до искусни метеролози и климатолози кои треба први да бидат консултирани за да се креираат вистински долгорочни стратегии. Особено во Македонија ,која ќе биде итекако погодена од овие ефекти.

Ти си креатор на една од најкористените апликации кај нас за следење на квалитетот на воздухот AirCare. Што мислиш дека е најголемото постигнување на оваа платформа, подигнувањето на свеста кај луѓето, размрдувањето на институциите за ова прашање,  нешто трето или се заедно?

Мислам дека тоа што AirCare го постигна е не само ставањето на аерозагадувањето како топ тема на сечиј ум, туку и оневозможувањето инсититуциите да продолжат со намалување на значењето и големината на проблемот. Кога луѓето ги имаат податоците во своја дланка, многу е потешко некој да манипулира со нив, а многу се повеќе мотивирани да излезат на протест и да се борат за својата иднина.

Твојот еколошки активизам очигледно има големо влијание и врз твојата професионална реализација. Какви се твоите планови за во иднина, ќе следува ли уште некоја платформа поврзана со животната средина, климата, загадувањето…?

Никогаш не се знае 🙂 Мојата пасија секогаш лежи помеѓу технологија и животната средина, и искрено верувам дека вештачката интелигенција ќе помогне многу во изнаоѓање вистински долготрајни решенија за климатската криза. Но, засега остануваме со мисијата на EarthCare.ai, со цел да ги направиме овие податоци досптани за сите кои би имале бенефит од нив!

Сподели!
- Advertisement -