Адвокатите во Бугарија наскоро ќе добијат право на рекламирање?

- Advertisement -

Парламентот на Република Бугарија во прво читање ги усвои законските измени што долго ги очекуваа адвокатите, со кои би се отстранила забраната тие да ја рекламираат својата дејност и да привлекуваат клиенти преку посредништво.

Како што пренесува порталот Маркетинг 365, доколку помине целиот процес, бугарските адвокати ќе добијат право да се рекламираат, но тоа ќе мора да биде во согласност со одредбите на законот и Етичкиот кодекс на нивната дејност.

- Advertisement -

Тоа значи дека рекламите ќе мора да содржат вистинити и објективни информации, ќе мора да ги почитува принципите на доверливост, интегритет и заштита на достоинството на адвокатската професија и клиентите.

Адвокатите нема да смеат да ја доведуваат јавноста во заблуда, вклучително и за нивните цени или бесплатни услуги, нема да смеат да прават неразумни споредби со други адвокати, ниту ќе можат да се промовираат себеси така што ќе ги откриваат имињата на поранешните или сегашните клиенти или нивните случаи, освен во случај на изречна писмена согласност на клиентот дадена за оваа намена.

- Advertisement -

(Maркетинг 365)

Сподели!
- Advertisement -