Унгарија воведува златни визи

- Advertisement -

Програма т.н Златните унгарски визи одобрени од владата на премиерот Виктор Орбан ќе стартуваат во Унгарија од почетокот на следната година.
Иако европските земји ја напуштаат програмата за „златна виза“, Унгарија повторно ја лансира во 2025 година и на богатите странци им нуди можност да живеат и работат во земјата во замена за големи инвестиции. Со други зборови, во таа земја, која е членка на Европската унија од 1 мај 2004 година, можете да ги добиете извесно време, но за одредена сума пари.

Во случај на купување недвижен имот во Унгарија, инвеститорот ќе добие право на десетгодишен престој во Унгарија, а пред се ќе добие унгарски пасош кој ќе му овозможи неограничено движење во Шенген зоната. Условот е купување на недвижен имот во вредност од најмалку половина милион евра.

- Advertisement -

Друга опција за добивање на десетгодишна дозвола за престој и унгарски пасош е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини издадени од Унгарската народна банка.

Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра.

- Advertisement -

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -