Откриен астероид кој ќе удри во атмосферата на Земјата

- Advertisement -

Астероид со дијаметар од еден метар ќе удри во атмосферата на Земјата по полноќ по локално филипинско време, објави Европската вселенска агенција во соопштението на платформата X. Ова треба да се случи токму во четврток во 1:08 часот по локално време (19:08 часот во среда по наше време).

Астероидот ќе удри во атмосферата на Земјата над Филипините во близина на островот Лузон во 17:08 часот (UTC) на 4 септември. Објектот е безопасен, но луѓето во околината ќе можат да видат спектакуларна огнена топка!, се вели во соопштението на АВРМ.

- Advertisement -

Споменатиот астероид бил откриен дури утрово од опсерваторијата Catalina Sky Survey во Аризона, која е специјализирана за откривање комети и астероиди. Интересно е и тоа што ова е само деветтиот астероид кој човештвото досега успеало да го открие пред да удри во атмосферата на Земјата.

Ова откритие, всушност, е одлична вест! Ова е само деветти пат човештвото да открие астероид пред да удри во Земјата и тоа е знак за подобрување на нашите планетарни одбранбени способности, соопштија од Европската вселенска агенција во следното соопштение на платформата X. Објавата е придружена со интересна инфографика на претходно познати астероиди и други откриени вселенски објекти кои зујат во соседството на Земјата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -