Астронаутите на Спејс Икс, Џаред Исакман и Сара Гилис, ја завршија својата прва вселенска прошетка за тестирање на нова линија вселенски одела.
Астронаутите во мисијата Polaris Dawn ја изведоа првата комерцијална вселенска прошетка во историјата, тестирајќи ги најновите костуми EVA на SpaceX Првиот што излезе од капсулата беше милијардерот Џаред Исакман,кој изјави „Ова изгледа како совршен свет“.
Исакман се задржа на влезот од капсулата на околу 700 километри над Земјата и ја покажа веродостојноста и мобилноста на оделото, откачувајќи се од држачот само неколку секунди, иако неговите стапала сè уште беа прицврстени за внатрешноста на леталото.
Пилотот и милијардер, основач на компанијата за електронско плаќање Shift4 ја финансираше мисијата Polaris, како и неговиот лет Inspiration4 со SpaceX во 2021 година.
По него, на истата позиција дошла инженерката на SpaceX, Сара Гилис, која правела различни движења за да провери како оделото се однесува во бестежинска состојба, а своите впечатоци ги пренесувала во живо на контрола на земјата.
Таа забележа дека и се загрева многу во вселенскиот костум ЕВА. Покрај Гилис и Исакман, во екипажот се и поранешниот пилот на американските воздухопловни сили Скот Потет и Ана Менон, исто така инженер во приватна вселенска компанија.
Во моментот на излегувањето на астронаутот, леталото се наоѓало на височина од 550 километри над Земјата и се движело со брзина од 26.000 километри на час.