Грција го претстави планот против демографска катастрофа

- Advertisement -

Грција ги претстави новите мерки за зголемување на наталитетот: од ваучери и бенефиции за грижа за деца до даночни олеснувања за новите родители, иако експертите ја доведуваат во прашање нивната ефикасност.

Грција има една од најниските стапки на плодност во Европа, многу лоша демографска ситуација предизвикана од повеќедецениската економска криза, емиграцијата и променетите ставови кај младите, објави Reuters.

- Advertisement -

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, тоа го нарече национална закана и темпирана бомба за пензиите. Грција моментално троши околу една милијарда евра годишно за мерки за згрижување деца. И покрај тоа, таа забележа најмал број раѓања во историјата во 2022 година.

Мерките што ги презентираа министерствата за семејство, внатрешни работи, финансии и здравство опфаќаат даночни олеснувања за новите родители, ваучери за дневен престој, зголемување на минималната плата од 2025 година, зголемување на пензиите и намалување на социјалните придонеси.

- Advertisement -

Но, демографските експерти, па дури и владините претставници признаваат дека Грција има да изоди долг пат.

„Се подразбира дека демографскиот проблем не може едноставно да се реши со бенефиции и финансиски стимулации“, изјави за новинарите заменик-министерот за финансии, Танос Петралијас.

- Advertisement -

Петралијас рече дека за решавање на проблемот потребно е и подобрување на образовниот и здравствениот систем, зголемување на приходите и подобри услови за рамнотежа меѓу работата и приватниот живот.

Падот на наталитетот е проблем за владите ширум Европа, каде што земјите како Франција, Италија, Норвешка и Шпанија потрошија милијарди евра на мерки за грижа за децата, но без ефект.

(Tanjug)

(фото: Pickpik)

Сподели!
- Advertisement -