Дали знаеме што е дизајн кој го бара новата генерација? Повик за учество во експо зона на Skopje Design Week

- Advertisement -

ДАЛИ ЗНАЕМЕ ШТО Е ДИЗАЈН КОЈ ГО БАРА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА?
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕКСПО ЗОНА НА “SKOPJE DESIGN WEEK”

Skopje Design Week, настан што нè очекува во ноември (6.-10.), во Мала Станица, но и во Јавна Соба и во Литература.мк во Дајмонд Мол.

- Advertisement -

Во Експо зоната на фестивалот, се очекува да се појават сите иновативни компании, креатори, студија и стартапи кои се спремни да ги покажат своите најнови достигнувања пред пошироката јавност.

Тука повторно се адресира прашањето до јавноста, “што е всушност дизајн на производ?” Тоа е дизајн кој нема за цел само естетска компонента, да биде допадлив, туку тоа е пред сè комплетно решение за проблемите на поширок круг на луѓе, тоа е функционалност и иновација.

- Advertisement -

Поаѓајќи од оваа теорија сметаме дека македонските компании и студија имаат навистина што да понудат и преку учество во Експо зоната да ги доближат своите дизајни до новата генерација – публиката.

Повикот за пријавување во Експо зоната е започнат и ќе трае до 15. октомври. Веќе има пријавено дел од постојаните изложувачи, но и нови производители. Ги охрабруваме сите други оригинални дизајнери да се пријават на овој несекојдневен настан на следниов линк: https://bit.ly/sdwexpozone

- Advertisement -

“Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”, фестивали од каде ќе видиме и најголме борј на презнетции и промоции. Истите ја промовираат Европската зелената агенда (European Green Deal Agenda) и дизајнот на идните млади дизајнери под мотото NextGenDesign.eu

Фестивалот “Skopje Design Week” е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.

Сподели!
- Advertisement -