Koи се земјите со најмногу локалитети заштитени од УНЕСКО?

- Advertisement -

Во моментов има 1.223 локалитети во 168 земји под заштита на УНЕСКО во светот, а земја со најмногу, барем во моментот, е Италија – вкупно 60 локалитети во Сиена, Фиренца, Сан Џимињано, Рим, Верона,Пиза, фрески во Падова, христијански споменици од Равена, термални бањи во Тоскана…

Кина има само еден помалку заштитен споменик на културата на листата, каде 59 од нив се под заштита на УНЕСКО. Во Германија има 54, а во Франција 53.

- Advertisement -

Во последниве години, Германија вклучи некои нови, како што се историската уметничка колонија Матилденхое во Дармштат, еврејските локации во Шпајер, Вормс и Мајнц, тука е и долната германска граница на Римската империја и границата на Дунав, која ја дели со Австрија и Словачка.

Шпанија има 50, Индија 43, а Мексико и Велика Британија заедно со Северна Ирска имаат по 35 културни споменици под најстрога заштита.

- Advertisement -

САД имаат 26 локации под заштита, исто колку и Јапонија, додека Русија има повеќе од нив – 32 и Иран, кој има 28. Во САД, Големиот Кањон, Националниот парк Јелоустоун, Таос Пуебло, Салата на независноста во Филаделфија се под заштита на УНЕСКО.

Меѓу најновите дополнувања на оваа листа на најзаштитени во светот се пејзажот од шкрилци во Северозападен Велс и градот Бат како дел од бањските градови на Европа. И додека „пристигнуваат“ нови, има и од оние локалитети кои го изгубиле заштитениот статус, како што е градот Ливерпул, кој од пред неколку години веќе не е под заштита поради новите градежни зафати.

Србија има пет локации на листата, исто како БиХ и Словенија од соседните земји, Црна Гора има четири, Хрватска дури десет, додека две локации се под заштита на УНЕСКО во Македонија.

- Advertisement -

Што е УНЕСКО?
УНЕСКО собира 193 земји, тоа се сите земји во светот признати од ОН. Организацијата е основана во 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, а нејзиното седиште е во Париз.

На веб-страницата на УНЕСКО е наведено дека како организација се залагаат за подобар пристап до образованието, но и за заштита и промоција на културното наследство и зајакнување на врските меѓу народите.

Најпознати се по заштитата на културата и природата, во согласност со Конвенцијата за светско културно и природно наследство од 1971 година. Врз основа на овој документ, УНЕСКО наведува локации од универзално значење за културата, природните убавини и нематеријалното наследство.

ТАБЕЛА на земји со најмногу светско наследство под заштита на УНЕСКО:

Италија – 60
Кина – 59
Германија – 54
Франција – 53
Шпанија – 50
Индија – 43
Мексико – 35
Велика Британија и Северна Ирска – 35
Русија – 32
Иран – 28

(Нова Економија)
Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -