Вештачка интелигенција открива дијабетес преку гласoт

- Advertisement -


Претходно недијагностицирани случаи на дијабетес тип 2 може да се откријат со анализа на гласот на една личност, според истражувањето објавено во списанието BMC Public Health и претставено на состанокот на Европската асоцијација за проучување на дијабетес (EASD) во Мадрид.

Новиот скрининг метод, развиен во Институтот за здравје во Луксембург, користи 25 секунди од човечкиот глас и го комбинира со основни здравствени информации, вклучувајќи возраст, пол, индекс на телесна маса и статус на хипертензија. Врз основа на кој моделот на вештачка интелигенција открива дијабетес со 66% точност кај жените и 71% точност кај мажите.

- Advertisement -

Моделот беше уште подобар кај жените над 60 години и кај луѓето со хипертензија. Следниот чекор ќе биде откривање на случаи на дијабетес тип 2 во рана фаза и состојбата на преддијабетес, велат истражувачите.

(Bug.hr)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -