Експертите открија кој дел од нашето лице прво почнува да старее и со какви проблеми може да се соочите кога тоа ќе се случи.
Се работи за очните капаци. Дерматологот Геета Јадав изјави дека тенката кожа е нивната главна карактеристика. Во споредба со кожата на другите делови од лицето, очните капаци имаат многу тенок епидермис (слој кој делува како бариера) и најтенкиот дермис (слој одговорен за структурата и еластичноста на кожата).
„Има толку малку ткиво во оваа област што речиси и да нема маснотии“, изјави таа и додаде дека тоа доведува до чувствителност.
Дерматологот Дејвид Ли рече дека очните капаци се вообичаена област каде што експертите, меѓу другото, дијагностицираат алергиски контактен дерматитис
„На пример, можете да користите парфем кој делува одлично, но ако сте алергични на една од неговите состојки и таа дојде во контакт со вашите очни капаци, многу лесно може да добиете осип“, додаде тој.
Одредени производи за нега на кожата како што се ретинол и пилинг може да доведат до сувост. Ли рече дека постојат три главни причини за стареење на очните капаци: прекумерна употреба на мускулите или чести процедури, оштетување на колагенот и генетика.
Трепкањето не го зголемува ризикот од појава на брчки на очните капаци, но прекумерното гледање на страна или мускулните контракции околу очите дефинитивно можат да создадат линии што доведуваат до брчки, изјави тој.
Тој, исто така, предупреди дека консумирањето цигари и прекумерното изложување на сонце може да доведе до опуштеност на очните капаци
(Bizlife)
(фото: Picryl)