Хирург кој работи во Шкотска разви начин да отстрани тумор на мозокот со големина на јаболко преку веѓата на пациентот, што се верува дека е првата таква процедура во светот. Имено, неврохирургот Анастасиос Џамуријадис од NHS Grampian Health Service приспособи постоечка лапароскопска техника за отстранување тумор што остава значително помалку лузни од конвенционалната краниотомија.
Промената му овозможува на Џамурадис да отстрани многу поголеми тумори од предниот дел на мозокот отколку порано, некои наводно со големина на големо јаболко.
Новиот метод, исто така, одзема многу помалку време за имплементација, што значи дека оперативните тимови се помалку уморни кога постапката конечно ќе биде завршена.
Досега Џамурадис и неговиот тим ја извршија новата процедура на 48 пациенти, од кои многумина можеле да ја напуштат болницата еден ден после процедурата.
„Ја модифицирав и ја развив техниката со мојот тим и оперираме многу големи тумори во предниот дел на мозокот и сè до средината на мозокот“, објасни тој.
Ова има значителен позитивен ефект за пациентот. Во нормални, екстензивни краниотомии, должината на операцијата е обично околу осум часа, а пациентите ќе поминуваат денови во болница. Да се направи тоа преку лапароскопски пристап преку веѓата е технички понапорно, но одзема веројатно половина од времето – ако не и помалку, рече тој.
„Пациентот ќе си оди дома следниот ден и ќе се врати во нормален живот во повеќето случаи во рок од една или две недели“, рече тој.
(Zimo)
(фото: Raw Pixel)