Кинеската ракетна компанија Deep Blue Aerospace неодамна ги објави плановите за комерцијални суборбитални летови во 2027 година, со цена на билетот од околу 1,5 милиони јуани (210.674 американски долари).
Според компанијата, суборбиталните летови ќе траат околу 12 минути, при што леталото ќе достигне височина од 100 километри, но нема да влезе во орбитата. Нивното летало има шест панорамски прозорци, може да прими до шест патници и е дизајнирано за повеќе од 50 намени, соопшти компанијата.
Високо е околу четири метри, со максимален дијаметар од 3,5 метри и тежина на полетување од 7,9 тони. Се очекува да се искачи на височини меѓу 100 и 150 километри, обезбедувајќи искуство во бестежинска состојба, што ќе трае до пет минути, според Dееp Bluе.
Компанијата однапред продаде два билети за своите суборбитални летови планирани за 2027 година за време на преносот во живо зна 24 октомври по намалена цена од 1 милион јуани за секој билет.
Ракетата Nebula-1 напојувана со керозин со кислород е првиот уред за лансирање на Deep Blue за повеќекратна употреба. За време на првиот тест за вертикално обновување на голема височина минатиот месец, ракетата успеа да заврши 10 од 11 клучни задачи за верификација, но доживеа аномалија во последната фаза на слетување, што доведе до фрактура на телото на ракетата.
И покрај овие несовршени резултати, Жао Ја, извршен директор на Deep Blue, вели дека тестот обезбедил вредни податоци и искуство кои ќе и помогнат на компанијата да ги идентификува проблемите и недостатоците и да ги подобри перформансите и доверливоста на ракетата.
Од Deep Blue истакнаа дека одлуката за продажба на билети три години однапред е резултат на свесноста за сложеноста и ризиците во ракетната технологија. Компанијата се посветува на ригорозни истражувања и развој, опширно тестирање и оптимизација на перформансите за да се осигура дека ракетата ги исполнува највисоките безбедносни стандарди.
(Beta)
(фото: YouTube)