Мозокот на стаорец за прв пат поврзан со вештачка интелигенција

- Advertisement -

Руски научници први во светот го поврзаа мозокот на стаорец со вештачка интелигенција, која му помага да даде точни одговори на различни прашања.

Руската лабораторија Неири во соработка со научници од Московскиот универзитет ги претстави првите резултати од уникатен експеримент – за прв пат во светот научниците и истражувачите го поврзаа мозокот на стаорец со вештачка интелигенција. Стаорецот е способен да одговори на какви било прашања користејќи тастатура

- Advertisement -

Научниците го поврзаа мозокот на лабораторискиот стаорец Пифија со невроинтерфејс – уред кој работи во соработка со вештачка интелигенција, а кој дава точни одговори преку електрична стимулација на мозокот.

Невроинтерфејс електродите овозможуваат стимулација на одредени делови од мозокот на глодарот. Стаорецот чувствува одредени сензации на одредено место кога треба да одговори „да“, а на друго место кога треба да одговори „не“. За секој точен одговор, животното се наградува.

- Advertisement -

Стаорецот точно одговорил на стотици научни прашања, како што се прашањата за квазарите, програмскиот јазик Пајтон и датумот на раѓање на Алберт Ајнштајн.

Руските научници велат дека во блиска иднина секој човек кој има вграден невроинтерфејс ќе може да реагира на ист начин. Додаваат дека во иднина планираат да развијат кориснички производ кој ќе овозможи поврзување на човечкиот мозок со знаењето на целото човештво.

- Advertisement -

(021)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -