ОПЕК+ не ги промени квотите за производство на нафта во ноември

- Advertisement -

Групата земји извознички на нафта ОПЕК+ ќе ги задржи квотите за производство на нафта непроменети во ноември, пред состанокот на оваа организација, кој сè уште се справува со последиците од прекините во извозот предизвикани од војната во Иран, изјавија денес за Ројтерс три добро информирани извори.

Според извештаите, земјите од Персискиот Залив, членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), колективно произведуваат значително помалку нафта од планираното од почетокот на војната во Иран во февруари. Во текот на изминатите неколку месеци, извозот се движеше помеѓу 60 и 80 проценти од нормалните нивоа.

- Advertisement -

Изворите, исто така, рекоа дека војната го одложи прегледот на производствениот капацитет во рамките на ОПЕК+, што е неопходно за да се утврдат квоти за членовите за следната година.

Групата ОПЕК+ ги вклучува земјите-членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и производителите надвор од организацијата, предводени од Русија.

- Advertisement -

Три извори запознаени со преговорите денес изјавија дека алијансата постигнала принципиелен договор за одржување на целите за производство на нафта непроменети во ноември. Групата ги зголеми производствените цели поголемиот дел од оваа година, по години намалување на производството, но повеќето од планираните зголемувања останаа на хартија поради војната. Податоците на ОПЕК покажуваат дека седум клучни земји на ОПЕК+ произвеле 25 милиони барели нафта дневно минатиот август, што е зголемување од 630.000 барели дневно во споредба со просекот од јули, но

Групата ОПЕК+ продолжува да спроведува намалување на производството од речиси два милиони барели дневно, што ги вклучува повеќето нејзини членови. Извори велат дека групата треба да го разгледа производствениот капацитет за да утврди како да го распореди зголемувањето, додека какви било промени во производството пред 2027 година се малку веројатни.

- Advertisement -

Клучните земји на ОПЕК+ кои ќе одржат состанок денес се Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Алжир, Казахстан и Оман.

Фото – Pxhere

- Advertisement -