Истражување: 69% од маркетерите објавуваат повеќе содржини со вештачка интелигенција во споредба со минатата година

- Advertisement -

Новото истражување на Ahrefs, спроведено врз 301 испитаник, покажува дека дури 69% од маркетерите објавуваат поголем удел на содржини генерирани со помош на вештачка интелигенција во споредба со минатата година. Притоа, 93% од анкетираните веќе користат ВИ во процесот на креирање содржини, а моделот Claude се издвојува како најпопуларна алатка во индустријата.

Вонредно високата стапка на прифаќање на технологијата покажува дека употребата на вештачка интелигенција за креирање содржини е речиси сеприсутна, бележејќи раст од минатогодишните 87% на сегашните 93%. Меѓу оние кои сѐ уште не користат ВИ (6,98%), главни причини се загриженоста за точноста на податоците и општата недоверба во автоматски генерираните текстови. Напоредно со ова, 61% од маркетерите изјавиле дека нивниот став кон ИИ-генерираната содржина станал попозитивен во текот на изминатата година.

- Advertisement -

Во однос на изборот на алатки, моделот Claude на Anthropic го презеде водството како најкористен модел за креирање содржини со 83,2% поддршка меѓу маркетерите кои користат ВИ. Зад него следуваат ChatGPT со 75,7% и Gemini со 57,9%. Покрај нив, значајна застапеност имаат и Claude Cowork со 42%, Claude Code со 37% и Codex со 13%. Аналитичарите посочуваат дека ширењето на користењето на Claude се совпаѓа со воведувањето на таканаречените skill датотеки, кои овозможуваат лесно репродуктивни процеси, при што 68% од корисниците на ВИ ги употребуваат овие стандардизирани упатства.

Главната бенефиција за маркетерите е брзината на производство. Дури 85% од корисниците на ВИ известуваат дека содржините ги создаваат побрзо – 47,9% значајно побрзо, а 37,1% незначително побрзо. Сепак, брзината не значи целосно исклучување на човечкиот фактор. Само 2,7% од маркетерите имаат доверба во содржина произведена исклучиво од ВИ без претходна човечка проверка, додека 66% веруваат во генерираните текстови само доколку претходно биле прегледани од човек.

- Advertisement -

Употребата на вештачка интелигенција најбрзо расте во специјализирани задачи. Примената на АИ за анализа на податоци порасна од 28% на 60%, за креирање слики од 19% на 43%, а за групирање на клучни зборови од 23% на 45%. Интересно е што двојно е зголемен и бројот на маркетери кои користат ВИ за проверка на квалитетот на содржина генерирана со АИ – од 14% минатата година на 28,6% во новото истражување.

И покрај зголемената продуктивност, мнозинството од 56% сметаат дека содржината напишана од човек сѐ уште нуди подобар квалитет од онаа генерирана со ВИ. Ова мислење е особено изразено кај помладите маркетери, додека 43% од основачите на компании сметаат дека нивната содржина е подобра од човечката. Во однос на транспарентноста, 78% од маркетерите не им откриваат на посетителите дека користеле ВИ при креирањето, додека 22% отворено го обележуваат тоа. Исто така, 41% од анкетираните изјавиле дека АИ не им заштедил пари за надворешни авторски хонорари.

- Advertisement -

Бил Видмер, основач на BillWidmer.com, го дели своето искуство: „Создавам содржини речиси 14 години, со буквално илјадници напишани артикали. И покрај целото мое искуство, вештачката интелигенција ми помага брзо да произведам подобра содржина. Но, сѐ уште трошам од 4 до 6 и повеќе часа по текст.“

Тим Суло, главен директор за маркетинг во Ahrefs, ја истакнува потребата од нови решенија: „Маркетинг платформата базирана на вештачка интелигенција што ни беше потребна не постоеше. Затоа ја изградивме.“

Податоците покажуваат дека вештачката интелигенција постанува стандард во содржинскиот маркетинг, но довербата во целосно автоматизирана содржина е исклучително ниска (само 2.7%), што укажува дека човечкиот уреднички преглед останува клучен за квалитетот.

(Маркетинг365)

Фото – https://easy-peasy.ai/ai-image-generator/images/ai-digital-marketing-symbiosis-representation

- Advertisement -