Казна до 200 евра за возење во капут

- Advertisement -


Возачите во Шпанија и во неколку други земји доколку зад воланот се во зимска јакна или капут може да бидат казнети и до 200 евра. Можни се казни дури и ако возачот носи шал или ракавици, а зад правилото стои фактот дека таквите дополнителни слоеви го ограничуваат возењето, односно ги ограничуваат движењата на возачот зад воланот.

Тестовите покажале дека може да има повеќе проблеми со зимските јакни. Така, тие го оневозможуваат правилното затегнување на безбедносниот појас, кој може да се лизне преку стомакот и да ги повреди цревата, црниот дроб или слезината.

- Advertisement -

Имено, поради дебелината на зимската облека, останува простор меѓу ременот и телото, па ременот може длабоко да пресече во стомакот во момент на несреќа. Потоа, може да има сериозни повреди на меките ткива, како што се цревата, црниот дроб или слезината, па дури и внатрешно крварење.

Поради оваа причина, се препорачува да ја соблечете јакната пред да влезете во автомобилот. Исто така, децата треба да бидат врзани без дебела зимска облека.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -