Листата на производи и маркетите каде може да се купат се објавени на веб странa. Производите ќе бидат обележани со логото „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Кошницата ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Станува збор за акција а не за одлука на Владата и нема казни доколку цените не се намалат.
СКОПЈЕ – Најавуваната „новогодишна потрошувачка кошничка“ од 15 декември стапува на сила и во неа ќе се најдат 675 производи за кои трговците, производителите и дистрибутерите се согласиле да ги продаваат по акциски цени со намалување од најмалку 10 отсто. Во кошницата ќе се најдат основните прехранбени производи, леб и житарици пекарски производи, месо и преработка од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалаци. Листата на производи и маркети каде ќе се продаваат е објавена на веб страната www.mojakosnica.mk.
Производите ќе бидат обележани со налепница на која ќе стои логото „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
(Извор – Гласот на Америка)
Фото – Pxhere