Сирискиот министер за финансии објави во неделата дека владата ќе одобри зголемување на платите за 400% за многу вработени во јавниот сектор почнувајќи од следниот месец, по завршувањето на административното реструктурирање на министерствата за да се зголеми нивната ефикасност и одговорност.
Зголемувањето, кое ќе чини околу 127 милиони долари по тековниот девизен курс, ќе биде финансирано од постојните владини ресурси, преку комбинација на регионална помош, нови инвестиции и напори за одмрзнување на сириските средства во странство.
„(Ова е) првиот чекор кон итно решение на економската ситуација во земјата“, изјави за Reuters, Мохамед Абазид, министер за финансии на привремената сириска влада. Тој додаде дека вработените во јавниот сектор ќе добијат плата оваа недела. Овие мерки се дел од пошироката стратегија на привремената сириска влада за стабилизирање на економијата на земјата по 13 години конфликт и санкции, пренесува Poslovni.hr.
Платите на вработените во јавниот сектор во Сирија за време на соборениот режим на претседателот Башар ал-Асад беа околу 25 долари месечно, што ги става под прагот на сиромаштијаta, заедно со мнозинството од населението, рече Абазид. Прво, ќе се спроведе сеопфатна проценка на регистрираните 1,3 милиони вработени во јавниот сектор за да се отстранат фиктивните вработени од платниот список.
Зголемувањето ќе важи за оние со соодветна стручност, академски квалификации и потребни вештини за обновување. Сириското Министерство за финансии се соочува со предизвици за ликвидност поради војната. Најголем дел од парите достапни во централната банка се врзани за сириската валута, која изгубила голем дел од својата вредност. Сепак, на новата влада и беше ветена помош од регионалните и арапските земји, рече министерот.
Владата очекува да врати до 400 милиони американски долари замрзнати сириски средства во странство, што би можело да ги кофинансира првичните владини трошоци.
(Bizlife)
(фото: Flickr)