Виталиа со донација ја поддржа прославата по повод 120 години Ротари Интернационал

- Advertisement -

На  22 февруари, во свечениот амбиент на хотелот Хилтон, се одржа голема прослава по повод 120 години од основањето на Ротари Интернационал. Настанот го поддржа и македонската компанија за здрава храна Виталиа, а истиот беше проследен со богата музичка и уметничка програма, обединувајќи истакнати членови на бизнис и општествената заедница, како и поддржувачи на хуманитарни активности.

Виталиа го поздрави прославувањето на овој значаен јубилеј со донација на средства што во организација на Сојуз на Ротари клубови на Македонија, ќе биде употребени за пошумување со медоносни растенија на територијата на Македонија.

- Advertisement -

Овој проект не само што ќе придонесе за зачувување на животната средина, туку и ќе поддржи одржливи еко-системи кои се од витално значење за локалната флора и фауна.

Одржливиот развој не е само опција, туку и наша колективна одговорност. Поддршката на пошумувањето со медоносни растенија е инвестиција во иднината и не само за природата туку и за економијата и заедниците што зависат од неа“, изјави Искра Ветаџокоска, генерален менаџер и косопственик на Виталиа, која воедно е и претседател на Ротари Клуб Скопје Центар.

- Advertisement -

Сојузот на Ротари клубови на Македонија постои веќе цели 25 години и во своите рамки вклучува вкупно 21 Ротари клубови од различни градови од земјата. Во изминатите години истиот предводи значителни општествени иницијативи, како што се донации на средства за здравствените организации, донација на медицинска опрема на Клинички Центар, донација на патнички автобус за основното училиште „Иднина“, како и бројни хуманитарни и еколошки акции насочени кон зајакнување на локалните заедници.

Како дел од глобалната мрежа на Ротари Интернационал, организација која брои 1,9 милиони волонтери ширум светот, Сојузот активно работи на адресирање на клучни општествени предизвици.

- Advertisement -

Главниот проект на Ротари Интернационал е искоренувањето на Полиото како болест, но покрај тоа оваа глобална организација презема и бројни други активности базирани на нивните седум клучни столбови: воспоставување на мир и спречување конфликти, превенција и третман на болести, чиста вода, санација и хигиена, здравјето на мајките и децата, основно образование и писменост, како и за економскиот развој на заедницата.

Нивното влијание е глобално, со активни проекти како обезбедување чиста вода за рурални заедници во Гана, инсталација на соларни светилки за домородното население во САД, кампањи против семејното насилство во Австралија, поддршка за едукација на децата во Нигерија и развој на микробизниси ширум Европа.

Во духот на интернационалното движење на Ротари клубовите, Виталиа продолжува да ги поттикнува еколошките и општествено-одговорни проекти во земјата, поставувајќи стандарди за одржливост и заедничка акција во зачувувањето на природните ресурси.

Сподели!
- Advertisement -