AI технологија за соларно полнење телефони

- Advertisement -

Lenovo не е единствената компанија на саемот MWC 2025 што презентира уреди на соларна енергија, бидејќи кинеската компанија Infinix Mobile, која има центри за истражување и развој во Франција и во Јужна Кореја, претстави концепт технологии кои користат сончева енергија за полнење на паметни телефони.

Infinix демонстрираше телефон со интегриран соларен панел на задната страна, како и заштитна футрола (капак) со соларно полнење. Компанијата оваа технологија ја нарекува SolarEnergy-Reserving и користи соларни ќелии од перовскајт кои се потенки и поевтини за производство од традиционалните силиконски ќелии. Соларните панели се спарени со систем за регулација на напон со помош на вештачка интелигенција наречен „следење на максимална моќност“.

- Advertisement -

Ова значи дека вештачката интелигенција мери, пресметува и испорачува максимална моќност, додека управува со топлината без прегревање при силна сончева светлина. Оваа технологија моментално може да го полни телефонот до 2W и е наменета да обезбеди резервирано полнење за телефонот додека не е во употреба.

Додека телефонот со вграден соларен панел е прилично интересен, уште подобро е заштитното куќиште на Infinix, кое ја поседува истата технологија и обезбедува уште поголема моќност.

- Advertisement -

Футролата што ја покажаа на изложбата беше поврзана со прототип на телефон кој има неколку мали контакти од страна за да испорача енергија од куќиштето.

Како и кај лаптопот Lenovo Yoga Solar со капак од соларни панели, сè уште не е познато кога Infinix ќе ја вгради својата технологија во уредите што ќе можете да ги купите.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Infinix)

Сподели!
- Advertisement -