Кинљ објави дека нејзините геолози идентификувале огромни наоѓалишта на радиоактивниот елемент ториум во рударскиот комплекс Бајан Обо, едно од најважните наоѓалишта на минерали за ретки земји во светот. Според проценките на кинеските експерти, овие резерви би можеле да ги задоволат нивните енергетски потреби во следните 60.000 години.
Ова откритие доаѓа во време кога Кина забрзано бара алтернативни извори на енергија за да ја намали зависноста од јаглен, да го стабилизира снабдувањето и да ги намали емисиите на стакленички гасови.
Бидејќи областите богати со ториум се мапирани на вкупно 234 локации низ Кина, Пекинг одлучи да направи посебен напор за развој на технологии кои би можеле да го направат основа за идните нуклеарни централи.
Ториумот е радиоактивен елемент кој се наоѓа во природата во поголеми количини од ураниумот (два до три пати ако ги споредиме Th-232 и U-238). Научниците го гледаат како можна замена за ураниум во нуклеарните реактори со децении, но само во последните неколку години се инвестираше сериозно во развој на технологии кои би можеле да го користат.
(Index.hr)
(фото:Pxhere)