Кина и годинава со скок во продажбата на електрични автомобили од 76%

- Advertisement -


Кина остана на врвот на глобалното рангирање во однос на скокот на продажбата на електрични возила во февруари, при што Европа и Северна Америка исто така забележаа двоцифрен раст, објави во средата истражувачката компанија Rho Motion. Во февруари на пазарите ширум светот се продадени вкупно 1,2 милиони електрични автомобили, што е за 49 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, пресмета Rho Motion, истакнувајќи дека резултатот бил под влијание на резултатите во Кина.

Во споредба со јануари, глобалната продажба е намалена за 3%, откри Rho Motion.

- Advertisement -

Поради новогодишните празници, кои се паднаа во јануари оваа година, продажбата во Кина во февруари скокна за 76 отсто, што е околу двојно посилно од претходните два месеци. Во Европа продажбата е зголемена за 19% во споредба со февруари минатата година, пресмета Rho Motion, истакнувајќи дека двоцифрена стапка на раст е забележана и во јануари, кога стапија на сила целите на ЕУ за нулта емисија на штетни гасови. Во такви услови, продажбата во Германија скокна за 40% во првите два месеци од оваа година.

Северноамериканскиот пазар порасна за 17% во февруари, но Rho Motion најверојатно ќе ги намали годишните прогнози за САД поради ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за електрификацијата, велат од Rho Motion Data.

- Advertisement -

Мексиканскиот пазар на електрични возила се зголеми повеќе од двојно поради увозот од Кина, кој подем во 2024 година, според Rho Motion. Дополнителните тарифи на ЕУ за кинеските електрични автомобили влијаеја на резултатите на некои производители, при што продажбата на MG, во сопственост на SAIC, нагло опадна. ЕУ во октомври воведе царина од 37 отсто за SAIC.

Во такви услови SAIC на пазарите во Европа и во Европската економска зона просечно продала за 19% помалку автомобили произведени во Кина од ноември минатата година до јануари годинава отколку во периодот од јануари до октомври, посочи менаџерот на Rho Motion.

- Advertisement -

Тарифите влијаеја и на продажбата на Honda, која произведува некои модели на електрични возила со батерии (BEV) под брендот Dongfeng Honda во Кина, како и на производството на Mercedes, Geely, Tesla, Dacia Spring на Renault и помалите кинески марки Nio и Xpeng. Сепак, кинескиот гигант BYD ја освојува Европа и го зголемува својот удел на пазарите ширум светот и покрај царините.

(Zimo)

(фото: Unsplash)

Сподели!
- Advertisement -