Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

- Advertisement -

Градежништвото е основен двигател на економскиот развој, па имплементацијата на иновативни решенија базирани на вештачка интелигенција кои ќе го унапредат процесот и ќе создадат можност за нови одржливи производи е од клучно значење. Во услови на голема транзиција во скоро сите сектори, од клучно значење е зајакнување на соработката помеѓу науката, компаниите и институциите. Само на тој начин може развојот да се насочи кон креирање на одржливост на долг рок, зајакнување на конкурентноста на компаниите и економски раст. Ова беа главните заклучоци на стручната конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ што се одржа денес во организација на ТИТАН Усје и Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.

Константинос Николау

На конференцијата која е организирана во рамки на обележувањето на 70-годишнината од основањето на ТИТАН Усје пред присутните се обрати главниот извршен директор на компанијата Константинос Николау.

- Advertisement -

„Иновациите и воведувањето на нови технологии се наш врвен приоритет и голем дел од инвестициите се насочени во тој правец. Во последните пет години, компанијата вложи повеќе од 6 милиони евра во дигитализација, решенија базирани на вештачка интелигенција, иновативни технологии и одржливи практики, вклучувајќи и еколошки типови цемент и обновливи извори на енергија, како што се соларната енергија и алтернативните горива. Титан Усје е пионер во примената на принципите на кружната економија, а како резултат на тоа компанијата ги редуцираше емисиите на CO₂ за 2.600 тони. Токму тоа нѐ мотивираше да ја интензивираме соработката со сите релевантни партнери, да го споделиме нашето искуство и знаење со пошироката заедница и да поттикнеме поголема соработка помеѓу инволвираните страни“, истакна Николаоу.

ТИТАН Усје планира да инвестира дополнителни 20 милиони евра во нови технологии и модернизација во следните три години, а со производство и пласман на пазарот на нови еко цементи, компанијата дополнително ги намали  CO₂  емисиите за повеќе од 40.000 тони.

- Advertisement -

„Живееме во услови на брзи и нагли промени што предизвикува неизвесност. Скоро сите сектори, вклучувајќи го и градежништвото мора да се адаптираат на овие промени. Па оттука, соработката е многу важна, бидејќи ќе ни овозможи заедно да го најдеме најдобриот начин кој ќе гарантира раст и во следниот период. Градежништвото е исправено пред два предизвика. Едниот е поврзан со климатските промени и потребата од поголема имплементација на еколошки производи. Вториот предизвик е поврзан со потребата да не се запоставуваат базичните принципи на градежништвото – стручност, стандарди, свест и совест. За одржливо градежништво се потребни и двата аспекта и уверен сум дека со ваков тип на соработка во голема мерка ќе придонесеме за развој кој ќе се движи во вистинска насока“, истакна деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф. д-р Горан Марковски. За да ја потенцира важноста од стручноста во градежништвото и употребата на квалитетни и еколошки бетони, Марковски стави маска од диносаурус, алудирајќи дека ако не се грижиме за животната средина ќе имаме иста судбината на диносаурусите.

проф. д-р Горан Марковски

На првиот панел на тема Како до иднина со нула емисии – Истражување на можностите за одржливо градежништво настапија Деканот на градежниот факултет проф. д-р Горан Марковски, проф. д-р Петер Марк од СР Германија, проф. д-р  Снежана Маринковиќ од Република Србија, Христофорос Вулгарис од Титан и Иван Ангелов од Титан Усје. Говорниците преку своите стручни презентации ја подвлекоа важноста од употребата на еколошки бетони и градежни материјали за да се обезбеди одржлив развој и заштита на животната средина. Во таа насока акцент беше ставен на регулативата во земјава, но и во Европската унија, во насока на редуцирање на CO₂ емисиите. Законот за климатска акција кој е во работна верзија треба да ја зајакне домашната регулатива, а голем исчекор се очекува да има и воведувањето на СИБАМ системот. Покрај регулативата, говорниците се осврнаа и на значењето на новите технологии и зајакнување на стандардизацијата за да се обезбеди одржливост и на  градежништвото и на еко системите. 

- Advertisement -

На вториот панел на тема Иднината на градежништвото – Бизнис стратегии и политики за зелена транзиција говореа директорот на Фабрика Карпош Силјан Михајловски, комерцијалниот директор на Адинг Даниел Цеков, главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау, д-р Џевад Кицера, директор на Институтот за стандардизација и  Маја Дојчиновска Колиќ од Институтот за стандардизација.  

Поголема имплементација на стандардите, тесно усогласување на развојот на индустријата во целосен склад со развојот на заедницата и животната средина и размена на искуства и знаења за најновите трендови во индустријата, беа во фокусот на овој панел.

Во насока на интензивирање на соработката помеѓу приватниот сектор и научната јавност, ТИТАН Усје започна соработка со Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ која се реализира преку проектот „Знаење + CO₂ -“ – со знаење и иновативност до помалку CO2. Токму оваа конференција е дел од овој проект, но предвидени се и многу други. Активностите на проектот се одвиваат преку три главни модули: Едукативен модул – организирање курсеви, практикантски програми, теренски посети и поткасти; Модул за истражување и развој – мултидисциплинарни истражувања и отворање на паметна лабораторија и Модул за подигнување на свеста – младински натпревари, годишна изложба и други активности.

Сподели!
- Advertisement -