Виена ја гради најмоќната пумпа за дождовна вода во Европа со цел заштита од поплави

- Advertisement -

Град Видена, кој е симбол на урбаната одржливост во Европа, повторно е во првите редови на иновациите. На Дунавскиот остров во австриската престолнина во тек е изградбата на најмоќната пумпа за дождовница во Европа, која носи револуционерно решение за заштита од поплави. Џиновската пумпа, која ќе може да испумпува дури 15.000 литри вода во секунда, ќе обезбеди подобра заштита од поплави за жителите.

Климатските промени носат почести и пообилни врнежи, а канализационите системи на градовите мора да се прилагодат на новите предизвици.

- Advertisement -

„Одговорната политика значи размислување за идните генерации. Со оваа инвестиција ја зајакнуваме инфраструктурата за уште подобро да ги заштитиме жителите на овој град од екстремни врнежи“, рекоа од градската управа за клима.

Во моментов пумпната станица на островот Дунав веќе има капацитет од 40.000 литри вода во секунда. Новата пумпа, која се гради од август 2024 година, дополнително ќе го зголеми капацитетот, обезбедувајќи уште повисоко ниво на безбедност за градот.

- Advertisement -

За време на обилните дождови градската канализација се прелева со дождовница, која се меша со отпадната вода од домаќинствата. За да се спречат поплави, водата брзо се пренасочува во реката Дунав со помош на моќни пумпи. Овој систем гарантира дека улиците остануваат суви и домовите се заштитени.

Покрај пумпата, се модернизира и останатиот дел од станицата. Ќе се инсталира нова ИТ опрема, соларна централа на покривот и енергетски ефикасни системи. Пумпата е произведена од австриската компанија Andritz AG во соработка со EQ Energie & Bau GmbH. Монтажата започнува летово, а пуштањето во употреба е планирано за 2026 година. Со вкупна инвестиција од 8 милиони евра, ова ќе биде најмоќната пумпа за дождовница во Европа.

- Advertisement -

Во септември 2024 година градот Виена доживеа една од најлошите бури во својата историја. Тимот на градската служба за фекална канализација и отпадни води Wien Kanal без престан работеше четири дена и три ноќи за да го зачува градот безбеден.

„Само во текот на тие денови нашите пумпи испумпуваа неверојатни 80.000 литри вода во секунда. Тоа е еднакво на празнење на сите девет базени од најголемиот базенски комплекс во Виена, Stationbad, за само две минути“, рече директорот на Wien Kanal, Андреас Илмер.

Проектот не само што носи безбедност од поплави, туку придонесува и за заштита на животната средина. Новата пумпна станица ќе има еколошки извори на енергија, вклучувајќи соларна централа од 260 kW на покривот, енергетски поефикасен систем за греење и подобра изолација на објектот. Ова ќе заштеди околу 50.000 евра годишно и ќе ги намали емисиите на CO2 за 300 тони.

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -