- Advertisement -
Цените на велигденските чоколадни јајца во Италија се зголемија за најмалку 30 отсто оваа година поради растот на светските цени на какаото и кризата со путерот, објави денеска групацијата за потрошувачи „Кодаконс“.
Чоколадните јајца за деца поскапеа за 33 отсто, а квалитетните годинава чинат и до 40 отсто, се вели во соопштението, пренесува Анса.
Се додава дека поскапување од околу 20 отсто е забележано и кај традиционалната италијанска „колумба“, односно велигденскиот колач на мирот, поради скокот на цената на путерот.
- Advertisement -
Фото – Wikimedia Commons
- Advertisement -