Цените на златото денеска ја преминаа границата од 3.500 долари за унца и достигнаа историски максимум. Според Ројтерс, зголемувањето на цената се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше претседателот на Федералните резерви Џером Пауел за предизвикување „нервоза“ кај инвеститорите и зголемување на побарувачката за сигурни средства.
Договорите за злато во САД забележаа раст од 1,8 отсто и достигнаа 3.485,10 долари.
Честите критики на Трамп кон Пауел за ненамалувањето на каматните стапки доведе до пад на индексите на Волстрит за околу 2,4 отсто во понеделникот, додека доларот падна на најниските нивоа во последните три години.
Цената на златото порасна за една третина од почетокот на 2025 година, поддржана од глобални трговски тензии и пад на довербата во американската имотна класа деноминирана во долари. Зголемената побарувачка за традиционални сигурни засолништа, како што се инвестиционите фондови поврзани со злато и купувањата од страна на централните банки, исто така придонесе за овој тренд. Цената на златото растеше во секој месец од оваа година.
Голем број финансиски институции сè повеќе се оптимисти во однос на цената на златото. Goldman Sachs предвидува дека до средината на 2026 година златото може да достигне 4.000 долари по унца. Аналитичарите од Jefferies дури го нарекоа златото „единственото вистинско сигурно засолниште што остана“, во време кога се доведува во прашање сигурноста на американските државни обврзници и останатите доларски инструменти.
Фото – Pixabay