ВИДЕО: Роботи и луѓе заедно трчаа полумаратон во Пекинг

- Advertisement -

Во Пекинг се одржа полумаратонска трка, насловена „2025 Beijing E-town Half Marathon and Humanoid Robot Half Marathon“, на која учествуваа човечки тркачи и хуманоидни роботи од различни големини и типови, како што можете да видите на ова видео.

Додека имаше повеќе од 30.000 човечки тркачи, на полумаратонот учествуваа 21 робот од бројни кинески компании за роботика и научни организации. Некои од роботите изгледаа како играчки, со висина од 120 см, некои беа несмасни и често паѓаа и се превртуваа, додека некои од нив покажаа дека не заостануваат многу зад луѓето, па дури и тепаа некои човечки тркачи.

- Advertisement -

Во роботските тимови беа вклучени DroidVP, Noetix Robotics, UBTech и Xiaomi, а победник во категоријата роботи е Tiangong Ultra од Центарот за иновации за хумана роботика во Пекинг, со време од 2 часа и 40 минути. За споредба, човечкиот победник постигна време од 1 час и 2 минути.

Танг Џијан, главен технички директор на Центарот за иновации за човечка роботика, рече дека Tiangong Ultra може да ја должи својата победа на напредните нозе, дизајнирани специјално за трчање и на алгоритамот за вештачка интелигенција, кој имитира луѓе што трчаат на маратон.

- Advertisement -

Тој, исто така, рече дека за време на трката тимот за роботика морал само три пати да ги замени батериите на роботот и дека ниту една компанија за роботика на Запад сè уште не ги достигнала достигнувањата на роботот Tiangong Ultra.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -