Шпанската влада го одобри предлог-законот за намалување на работната недела од 40 на 37,5 часа. Дванаесет и пол милиони работници во приватниот сектор со полно и скратено работно време ќе имаат корист од кратењата, за кои Министерството за труд очекува дека ќе ја зголемат продуктивноста и ќе го намалат отсуството од работа.
„Денес го модернизираме светот на работата и им помагаме на луѓето да бидат посреќни“, рече министерката за труд, Јоланда Дијаз.
Од намалувањето, кое веќе е на сила во владините услуги и некои сектори во економијата, ќе имаат примарно корист вработените во малопродажбата, производството, угостителството и градежништвото.
Во Собранието, кое треба да го изгласа овој закон, владејачката левичарска коалиција нема доволно гласови за него. Главните синдикати го поддржуваат предлогот, но не и деловните здруженија.
Коалицијата Сумар (Обединети), левичарскиот малцински партнер во владата на Педро Санчез, го предложи законот, а каталонската националистичка партија Хантс, повремен сојузник на коалицијата на Санчез, изрази загриженост за, како што рекоа, негативните последици од законот за малите бизниси и самовработените.
Шпанија има 40-часовна работна недела од 1983 година, кога беше скратена од 48 часа.
(Beta)
(фото: Pexels)