Да, добро прочитавте. На Универзитетот Викторија во Канаданстудентите имаат можност да посетуваат курс што звучи како нешто од стрип, но е сосема реален. Курсот, наречен „Наука за Бетмен“, го користи саканиот суперхерој како „прозорец“ преку кој студентите ја истражуваат човечката физиологија и психологија.
Преку комбинација од теорија и практични вежби, студентите истражуваат прашања како што се: до каде може да се развие човечкото тело, како менталната дисциплина влијае на перформансите и како телото толерира повреди и екстремен напор.
Инспириран од книгата на професорот Е. Пол Зер, „Станување Бетмен“, овој курс ги комбинира невронауката и кинезиологијата за да покаже колку е реално да се постигнат нивоа на „суперхеројска“ кондиција.
Студентите учат:
-како да развијат сила и издржливост на научно базиран начин;
-како да тренираат ментална цврстина и дисциплина;
-како добро познатите техники од спортот и медицината можат да го доближат човекот до физичките способности на Бетмен.
Иако Бетмен останува фиктивен, курсот покажува дека хероите од стриповите можат да бидат извор на инспирација за наука и самоусовршување.
На крајот на краиштата, идејата не е сите ние да станеме темна сенка на Готам Сити, туку подобро да ги разбереме границите на човечкото тело и ум преку науката, а можеби и да ги поместиме понатаму.
(Bizlife)
(фото: Pexels)



























