Супербоул 2026 година е закажан, а натпреварот помеѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс ќе се игра во недела, 8 февруари. Секоја година милиони гледачи го гледаат овој настан, кој се смета за најголем спортски спектакл во светот. Она што го привлекува вниманието на публиката се рекламите што се емитуваат за време на натпреварот, како и емисијата на полувремето што ја следи целиот свет.
Оваа година се очекуваат повеќе од 130 милиони гледачи, што значи дека НФЛ ќе оствари огромни приходи. Ова исто така значи дека многу очи ќе бидат насочени кон рекламите што се емитуваат за време на Супербоул.
Рекламите обично се нешто што на повеќето луѓе не им се допаѓа. Сепак, за време на Супербоул ситуацијата се менува, бидејќи рекламите се генерално позабавни и честопати претставуваат вистинска мала шоу програма. Сепак, тие 30 секунди телевизиски простор се сметаат за највредниот маркетиншки „недвижен имот“ во светот – и секако, не се евтини.
Според Bloomberg, трошоците за рекламирање за време на Супербоул во 2026 година достигнале дури 10 милиони долари за 30 секунди реклама. Сепак, просечната цена на рекламирање за Супербоул е околу 8 милиони долари.
Секако, некои термини се побарани од други, што директно влијае на цената на одредени термини за рекламирање. На првиот Супербоул во 1967 година трошоците за рекламирање бике околу 37.500 долари. Денес таа сума не би ја покрила ниту платата на професионален играч, а камоли да купи рекламен простор за време на Супербоулот.
Цената на рекламирањето за време на овој спортски настан не го достигна прагот од милион долари сè до 1995 година. До 2000 година таа сума веќе се удвои, а оттогаш продолжува да расте од година во година.
За огромен дел од глобалната публика клучниот момент на вечерта нема да биде одлучувачкиот тачдаун, туку шоуто на полувремето. За време на тие петнаесет минути пауза помеѓу две полувремиња американскиот фудбал отстапува место на музиката, спектаклот и индустријата за забава вредна десетици милијарди долари.
Супербоул полувремето одамна прерасна во еден од најпрестижните музички настани во светот, настан кој истовремено ги обликува поп-културата, музичките кариери и маркетиншките стратегии на најголемите брендови.
Овогодишната ѕвезда на полувремето е Бед Бани, моментално најстримуваниот уметник на планетата и добитник на Греми наградата за албум на годината. Неговиот избор за главен изведувач дополнително го потврдува трендот во кој НФЛ јасно покажа во последните години дека размислува глобално, одејќи подалеку од традиционалната американска публика.
(Bizlife)

























