Грција размислува за забрана на социјалните медиуми за лица под 15 години. Покрај тоа, и Шпанија планира иста забрана.Грција е „многу блиску“ до забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години. Покрај Грција, Шпанија исто така објави дека планира да ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години и најави дека ќе ги смета директорите на интернет платформите лично за одговорни за говор на омраза на нивните страници.
Еден ден претходно, во португалскиот парламент, беше поднесен закон за забрана на социјалните мрежи за лица под 16 години без согласност на родителите.
Тоа е нов показател за построг пристап од страна на европските земји кон технолошките платформи за кои тврдат дека ги изложуваат малолетниците на штетна содржина и се намерно дизајнирани да создадат зависност.
Овие земји се приклучуваат на дваесет други земји како Франција и Велика Британија кои размислуваат за забрана на социјалните мрежи за најмладите, откако Австралија во декември стана првата земја во светот што го забрани пристапот до платформи под 16 години, објавува Индекс.
Австралиската агенција за безбедност на интернет објави кон средината на јануари дека технолошките гиганти веќе блокирале 4,7 милиони кориснички сметки на малолетници.
Фото – Walpaper Flare




























