Рутински преглед на очите открива скриени срцеви заболувања

- Advertisement -

Неодамнешните наоди покажаа дека рутинските прегледи на очите можат да се користат и за рано откривање на основни срцеви заболувања кај луѓе со дијабетес тип 2. Ова е откритие на студија спроведена од истражувачи на Универзитетот во Лестер, а неодамна објавена во списанието Scientific Reports.

Срцевата слабост може да се лекува од првиот ден, затоа се важни иновативните терапии и физичката активност.

- Advertisement -
  • Кај луѓе со дијабетес тип 2, високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува малите и големите крвни садови во телото, што доведува до состојби како што е дијабетична болест на очите. Рутинските прегледи на очите, со користење на дигитална фотографија за барање промени во крвните садови во очите, се вршат со години кај луѓе со дијабетес тип 2. Истите слики можат да помогнат во идентификувањето на луѓе кои исто така може да имаат промени во срцето или изменета срцева функција, објаснува професорот по кардиологија д-р Гаурав Гулсин од Универзитетот во Лестер.

„Кога правиме преглед на очите, ја гледаме мрежницата, ткивото чувствително на светлина во задниот дел од окото. Оштетувањето овде предизвикува крвните садови да отекуваат, да протекуваат или да се затвораат, спречувајќи ја мрежницата да добие доволно кислород, што доведува до проблеми со видот. Сакавме да знаеме дали она што можеме да го видиме на дигиталната фотографија на мрежницата, исто така, сигнализира за основните структурни и функционални промени во срцето, со цел рано откривање на знаци на кардиоваскуларни заболувања“, вели д-р Гулсин.

За да го направат ова, 255 пациенти со дијабетес тип 2 биле подложени на серија неинвазивни техники на кардиоваскуларно снимање во болницата Гленфилд во Лестер за да ја испитаат структурата и функцијата на нивните срца. Резултатите беа споредени со дигиталната фотографија на мрежницата на секој пациент.

- Advertisement -
  • “Откривме дека присуството на дијабетична ретинопатија е директно поврзано со тивка кардиоваскуларна болест, вклучувајќи поголем товар на коронарна артериска болест и знаци на рана срцева слабост. Оваа поврзаност ни овозможува да предложиме резултатите од рутинскиот скрининг за дијабетична ретинопатија да се користат и како индикација за здравјето на срцето на пациентот – обезбедувајќи можност за рана интервенција и ефикасна алтернатива на тековните скрининг тестови” – истакнува д-р Гаслин.

(eKlinika.rs)

- Advertisement -