Сте се апрашале ли некогаш кои земји всушност би можеле да се хранат самостојно ако се затвори целата меѓународна трговија со храна? Според нова студија, тоа може да го направи само една земја во светот.
Истражувачи од Универзитетот во Гетинген во Германија и Универзитетот во Единбург анализирале податоци за производство на храна од 186 земји. Наодите откриле дека Гвајана е единствената земја што може да биде целосно самоодржлива во сите седум клучни групи на храна на кои се фокусира студијата.
Кина и Виетнам се второпласирани, произведувајќи доволно храна за да ги задоволат потребите на своето население во шест од седумте категории.
Само една од седум земји ја исполнува квотата во пет или повеќе групи на храна, додека повеќе од една третина се самоодржливи во две или помалку групи. Шест земји – Авганистан, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Макао, Катар и Јемен – не биле во можност да ја исполнат самоодржливоста во ниту една група на храна.
На пример, Советот за соработка на Заливот на Блискиот Исток постигнува самодоволност само во месо, додека униите во Западна Африка и Карибите ја достигнуваат целта само за две групи. Ниту една економска унија не произведува доволно зеленчук за да го нахрани целото свое население.
За да ги пополнат празнините и да ги задоволат диететските потреби на своето население, повеќето земји се потпираат на трговијата. Сепак, многумина сè уште зависат од еден трговски партнер за повеќе од половина од нивниот увоз, што ги прави особено подложни на пазарни шокови.
Одржувањето на разновидни трговски мрежи меѓу земјите и регионите е клучно за идните резерви на храна, вели тимот. Меѓународната трговија и соработка со храна се од суштинско значење за здрава и одржлива исхрана. Сепак, големата зависност од увоз од поединечни земји може да ги направи нациите ранливи, вели Јонас Штел, економист за развој на Универзитетот во Гетинген.
„Градењето отпорни синџири на снабдување со храна е императив за обезбедување на јавното здравје.“ вели Штел.
Истражувањето е објавено во списанието Nature Food.
(Science Alert)
(фото: Pxhere)




























