Зголемувањето на CO2 во атмосферата ја менува хемијата на човечката крв

- Advertisement -

Зголемувањето на нивоата на јаглерод диоксид (CO2) во атмосферата на Земјата се мери и во крвта на луѓето, открива нова студија.

Научниците, анализирајќи ги здравствените податоци собрани во текот на 20 години во Соединетите Американски Држави, забележале промени во хемијата на крвта, кои велат дека се во согласност со зголемената изложеност на CO2.

- Advertisement -

Промените засега не се опасни, но ако продолжат сегашните трендови, моделите на истражувачите покажуваат дека некои вредности на хемијата на крвта би можеле да се приближат до границите на здрав опсег до околу 2076 година.

Она што го гледаме е постепена промена во хемијата на крвта што го одразува зголемувањето на атмосферскиот јаглерод диоксид, главен двигател на климатските промени“, рече респираторниот физиолог Александар Ларкомб од Универзитетот Куртин во Австралија.

- Advertisement -

Ако продолжат сегашните трендови, нашите модели покажуваат дека просечните нивоа на бикарбонат би можеле да го достигнат горниот крај од моментално прифатениот здрав опсег во рок од 50 години. Нивоата на калциум и фосфор, исто така, би можеле да паднат на долниот крај од здрав опсег подоцна во овој век“, додаде тој.

Фосилните записи покажуваат дека нивоата на CO2 во атмосферата на Земјата биле релативно стабилни најмалку 150.000 години историја на хомо сапиенс, движејќи се помеѓу 280 и 300 делови на милион (ppm). Сепак, има драматично зголемување во последните децении, од околу 369 ppm во 2000 година на околу 420 ppm денес.

- Advertisement -

Во човечката крв CO2 се претвора во бикарбонат. При нормални концентрации ова соединение е корисно бидејќи му помага на телото да одржува здрава pH вредност. Ларкомб и неговиот колега, пензионираниот геонаучник Фил Бирвирт од Австралискиот национален универзитет, теоретизираа дека бикарбонатот може да послужи како замена за нивоата на CO2 во атмосферата.

За да ја тестираат својата хипотеза, тие анализирале податоци од Националното истражување за здравје и исхрана на САД (NHANES), кое собирало примероци од крв од приближно 7.000 Американци на секои две години помеѓу 1999 и 2020 година.

Резултатите ги потврдија нивните очекувања. Во текот на периодот што се разгледува просечната концентрација на бикарбонат во крвта се зголемила од 23,8 на 25,3 милиеквиваленти на литар, што е зголемување од околу 7 проценти. Истражувачите забележуваат дека ова е во согласност со зголемувањето на атмосферскиот CO2 во истиот временски период. Во исто време, нивоата на калциум и фосфор покажаа спротивен тренд – калциумот падна за 2 проценти, а фосфорот за 7 проценти.

Овие промени може да се објаснат со фактот дека растворањето на јаглерод диоксид во крвотокот ја менува киселинско-базната рамнотежа на телото. За да се одржи pH вредноста на крвта во тесен, здрав опсег, бубрезите задржуваат бикарбонат, молекула што помага во неутрализирање на вишокот киселост. Коските исто така можат да ја амортизираат киселоста со ослободување на минерали како што се калциум и фосфор.

Засега, овие промени се мали и во опсегот што телото може да го толерира. Сепак, истовременото зголемување на нивоата на CO2 и бикарбонат е значајно. Ако истражувачите се во право, на крајот би можеле да видиме физиолошки промени низ целата популација.

„Всушност мислам дека она што го гледаме е резултат на тоа што нашите тела не се адаптираат. Се чини дека сме адаптирани на опсег на CO2 во воздухот што веројатно сега е надминат“, вели Бирвирт.

Нормалниот опсег одржува деликатна рамнотежа помеѓу количината на CO2 во воздухот, pH вредноста на нашата крв, брзината на дишење и нивоата на бикарбонат. Бидејќи CO2 во воздухот сега е повисок отколку што човештвото некогаш доживеало, се чини дека се акумулира во нашите тела. Можеби никогаш нема да можеме да се адаптираме, поради што ограничувањето на нивоата на CO2 во атмосферата е толку важно“, заклучува тој.

(ScienceAlert)

- Advertisement -