Тесла планира да купи опрема за производство на соларни панели во вредност од 2,9 милијарди долари

- Advertisement -

Тесла планира да купи опрема за производство на соларни панели и ќелии во вредност од 2,9 милијарди долари од кинески добавувачи.

Според извори запознаени со ситуацијата, меѓу добавувачите е компанијата „Суџоу Максвел Технолоџи“, најголемиот светски производител на опрема за ситопечат што се користи за производство на соларни ќелии, објавува Политика.

- Advertisement -

Гореспоменатата набавка е дел од плановите на извршниот директор на Тесла, Елон Маск, за проширување на соларните капацитети во САД за 100 гигавати. Тој во јануари изјави дека сончевата енергија може да ги задоволи сите потреби за електрична енергија во Америка, вклучително и растечката побарувачка за сè повеќе центри за податоци. Според веб-страницата на Тесла, целта на компанијата е да распореди 100 гигавати „опрема за соларна енергија од суровини на американска почва пред крајот на 2028 година“.

Суџоу Максвел Технолоџис е меѓу водечките кандидати за снабдување со машини за гореспоменатите проекти на Тесла и бара одобрение за извоз од Министерството за трговија на Кина, велат изворите. Тие додаваат дека други потенцијални добавувачи се „Шенжен С.Ц. Њу Енерџи Технолоџи“ и „Лаплас Рињувејв Енерџи Технолоџи“.

- Advertisement -

(Biznis.rs)
Фото – Piqsels

- Advertisement -