Земјите што трошат најмногу електрична енергија вкупно не се секогаш најголемите потрошувачи по глава на жител, пишува Visual Capitalist, споредувајќи ги 10-те најголеми потрошувачи на електрична енергија во светот во 2025 година.
Користејќи податоци од Ember, тие покажуваат дека побарувачката за електрична енергија е мерка за тоа како земјите ги водат своите економии, индустрии и секојдневниот живот.
Според нивната анализа, која ја изразуваат во терават-часови (TWh) и потрошувачка по глава на жител во мегават-часови (MWh), Кина е убедливо најголемиот потрошувач на електрична енергија во светот, достигнувајќи 10.573 TWh во 2025 година. Тоа е околу една третина од глобалната побарувачка, што е огромен скок од помалку од 10% на почетокот на 2000-тите години, пишуваат тие. Кина троши повеќе отколку што трошат САД, Индија, Русија и Јапонија заедно.
Паралелно, Канада и Соединетите Американски Држави водат во потрошувачката на електрична енергија по глава на жител. Зголемената побарувачка за електрична енергија во Кина е резултат на индустријализацијата, урбанизацијата и проширувањето на производствените сектори. Како што предвидува Visual Capitalist, нејзиниот удел во глобалната побарувачка веројатно ќе остане доминантен, бидејќи се стреми да ја електрифицира економијата.
Индија е на трето место во светот по вкупна побарувачка на електрична енергија, но сепак заостанува далеку зад другите големи економии во однос на потрошувачката по глава на жител.
На четврто место е Русија со потрошувачка од 1.176 терават-часови, а на петто е Јапонија до 1.030 терават-часови потрошена енергија. Вторите пет најголеми потрошувачи на енергија но светот се: Бразил (762 Twh), Канада (646 Twh), Јужна Кореја (625 Twh), Германија (520 Twh) и Франција (477 Twh).
Најголемите економии во светот доминираат во потрошувачката на електрична енергија бидејќи индустриското производство, транспортот, дигиталната инфраструктура и потрошувачката на енергија во домаќинствата бараат огромни количини на енергија.
Сепак, рангирањето покажува и дека големината на населението е важна. Индија е на трето место во светот по вкупна побарувачка на електрична енергија, но сепак останува далеку под другите големи економии по потрошувачка по глава на жител.
Како што земјите го електрифицираат транспортот, производството, греењето и инфраструктурата за вештачка интелигенција, се очекува глобалната побарувачка за електрична енергија значително да порасне во наредните децении, заклучуваат тие.
(Visual Capitalist/ Tportal.hr)






























