Се гради еден од најголемите тунели во Европа

- Advertisement -

Тунелот Земеринг, долг 27,3 километри и вреден 3,9 милијарди евра, треба да биде завршен до 2029 година и значително ќе го скрати времето на патување, а воедно ќе го зајакне одржливиот железнички транспорт и еколошката поврзаност на регионот

Австриските федерални железници (ÖBB) постигнаа голем напредок во изградбата на тунелот Земеринг со две цевки, долг 27,3 километри. Тунелот ги поврзува градовите Глогниц и Мирцшиц, во сојузните покраини Долна Австрија и Штаерска.

- Advertisement -

Пред неколку дена владини претставници возеа низ целиот тунел со минибус, прв пат во 15-те години откако започна изградбата на проектот вреден 3,9 милијарди евра. Делегацијата што возеше низ тунелот ја предводеа австрискиот министер за транспорт Петер Ханке и извршниот директор на ÖBB, Андреас Мата.

Тунелот беше пробиен во ноември 2024 година, додека договорот за внатрешна опрема беше доделен во јуни 2024 година, по што следеше договорот за изградба на пругата во март 2025 година.

- Advertisement -

Фокусирани сме на техничкото опремување на тунелот и на завршните работи на бетонската внатрешна облога во делот Глогник, како и во областа на помошните и итни шахти кај Фросникграбен. Поради огромните димензии на тунелот, оваа работа ќе трае повеќе од три години пред возовите да можат да почнат да возат низ него“, рекоа од ÖBB.

Директорот Мата истакна дека Виена и Грац ќе бидат поврзани со патување со воз од еден час и 50 минути од крајот на 2029 година.

- Advertisement -

Во моментов, времето на патување е два часа и 36 минути поради ниските брзини од 60 до 80 км/ч на постојната, кривулеста линија над планинскиот превој Семеринг, додека основниот тунел е дизајниран за брзини до 230 км/ч“, додаде Мата.

Се очекува Австрија да стане земја број еден во Европа кога станува збор за железнички транспорт со изградбата на овој тунел. ÖBB наведува дека тунелот Земеринг претставува одржлива инвестиција во иднината на железниците.

Како дел од новата јужна железничка рута на Австрија, тој го зајакнува балтичко-јадранскиот коридор, што треба да придонесе за меѓународната конкурентност на австриската економија и заштитата на животната средина.

ÖBB потсетува дека железничкиот транспорт е значително поеколошки, бидејќи секој тон стока транспортирана со воз создава, како што проценуваат, околу 30 пати помалку емисии на јаглерод диоксид (CO₂) отколку транспортот со камиони.

(Kamatica)

- Advertisement -