Холандија воведува данок на шеќер! Скокаат цените на соковите и пивото

- Advertisement -

Холандската влада планира да воведе данок на шеќер, што би можело да влијае на цените на безалкохолните пијалоци, но и на одредени видови пиво.

Се очекува дека оваа мерка би можела да донесе околу 900 милиони евра приходи, но и да ги охрабри граѓаните да усвојат поздрави навики на живот.

- Advertisement -

Според плановите на холандските власти, данокот на шеќер ќе се плаќа за сите производи што содржат повеќе од 6% шеќер. Ова значи дека по воведувањето на новиот данок, цената на литарско шише “кока-кола” би можела да биде повисока за околу 25 центи, додека некои други производи би можеле да се зголемат за околу едно евро по пакување.

Сепак, воведувањето данок врз основа на содржината на шеќер во прехранбените производи ќе биде многу посложено отколку што изгледа на прв поглед. Извори предупредуваат дека владата ќе се соочи со голем број прашања, вклучително и кои производи треба да бидат вклучени во новиот данок, а кои треба да бидат ослободени. Слични предизвици се појавија и претходно, кога се разгледува намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за овошјето и зеленчукот.

- Advertisement -

За разлика од таа мерка, која би ги направила овошјето и зеленчукот поевтини, новиот данок на шеќер би ги зголемил цените на производите со висока содржина на шеќер, како што се газираните пијалоци, овошните сокови, енергетските пијалоци, но и безалкохолното пиво и пивото со многу ниска содржина на алкохол.

Здружението на супермаркети CBL во Холандија предупреди дека цените на храната би можеле да пораснат за околу 10 проценти следната година, делумно поради новите владини мерки, вклучително и данокот на шеќер, но и поради зголемените патарини за камиони и повисоките даноци на енергија.

- Advertisement -

(Kamatica)

(фото: Staten Island Dentists)

- Advertisement -