Научници во Исланд го претвораат јаглерод диоксидот во карпи

- Advertisement -

Отчукува часовникот на климатските промени. Во 2018 година глобалната емисија на јаглерод диоксид достигна рекордно високо ниво и Обединетите нации предупредија дека ни остануваат 12 години да ги превенираме катастрофалните ефекти на климатските промени. Оттогаш досега Обединетото Кралство и Ирска прогласија климатски кризи.

- Advertisement -

Додека се повеќе земји се префрлаат на чиста енергија, неколку земји се декарбонизираат доволно брзо за да ги достигнат договорените цели со Парискиот климатски договор од 2016 година. Времето истекува и некои научници работат на други начини за олеснување на последиците од глобалното затоплување, од заловување на јаглерод диоксидот од фабриките и индустриските процеси до складирање на тој јаглерод диоксид под земја.

Во 2012 година тим од интернационални истражувачи и инженери во подземна тест база во Исланд почнаа да инјектираат јаглерод диоксид во порозни карпи на базалт формирани од изладена лава. Две години подоцна речиси целиот јаглероди диоксид во карпите се претворил во карбонски минерали. Откритието на интернационалниот тим доведе до проектот CarbFix , односно претворање на јаглерод диоксидот во карпи во гоетермалната станица Хелишеиди, на 30 километри од главниот град на Исланд, Рејкјавик.

- Advertisement -

CarbFix е соработка меѓу компанијата Reykjavik Energy, Универзитетот на Исланд, францускиот Национален центар за научни истражувања и Универзитетот Колумбија во САД. Со проектот се заловува и се инјектира речиси една третина од јаглерод диоксидот ид 3/4 од водородниот сулфид кој се емитува од Хелишеиди.

Благодарение на вулканската геологија, Исланд има огромни геотермални ресурси кои може да се искористат за добивање чиста енергија. Греењето и топлата вода во најголем дел од домаќинствата во Исланд и речиси една четвртина од вкупните потреби за енергија на земјата се добиваат од геотермална енергија.

- Advertisement -

Хелишеиди се наоѓа на вулканот Хенкил, на врв на балатна карпа. Водата под вулканот се испумпува низ шест турбини, кои произведуваат струја и топлина за главниот град на Исланд. И геотермалните фабрики произведуваат одредена количина јаглерод диоксид, како и водороден сулфид во пареата.

Сподели!
- Advertisement -