ВРЕМЕТО Е НОВИОТ ЛУКСУЗ: Како SmartThings го претвора домот во заштедувач на енергија и минути

- Advertisement -

Во свет каде што секојдневието наликува на непрекината трка со времето, нашата најголема потреба е да си ги вратиме слободните моменти за себе и за семејството. Ова не е само субјективно чувство, податоците го потврдуваат истото. Според европското истражување Samsung Invisible Load Index, дури 89% од луѓето бараат начини нивното домаќинство да функционира поефикасно, а 76% трошат речиси исто толку време размислувајќи за домашните обврски колку што преземаат акција за нивно извршување. Паралелно со тоа, неодамнешна студија поврзана со потрошувачката на електрична енергија[1], укажува дека над 82% од сопствениците на домови го ставаат намалувањето на трошоците за енергија како главен приоритет.

Точно тука настапува филозофијата на Samsung: SmartThings платформата како централен мозок на дигиталниот дом, во совршена синергија со премиум уредите од Bespoke Home линијата и најновите генерации ТВ уреди.

- Advertisement -

Приказна за еден современ ден: Кога домот размислува чекор пред вас

Замислете го вашиот вообичаен работен ден. Утрото започнува хаотично. Се спремате за работа, а во главата ги подредувате сите обврски. Но, наместо вие да размислувате за домот, тој веќе мисли за вас.

- Advertisement -

Додека излегувате од куќата, апликацијата SmartThings преку сензорите и гео-локацијата препознава дека го напуштате домот. Со автоматизираното сценарио „Out of Home“, сите непотребни светла се исклучуваат, телевизорот влегува во режим на мирување, а клима-уредот и фрижидерот автоматски го активираат режимот AI Energy.

Нема потреба од проверување дали сте заборавиле нешто вклучено, технологијата во позадина работи на намалување на вашите сметки.

- Advertisement -

Паметна бела техника: Интелигенција што заштедува струја

Енергетската ефикасност повеќе не е само еколошка свесност, таа е математика за домашниот буџет. Според официјалните податоци верифицирани од „Carbon Trust“ во студијата Samsung Smart Home Buyers Index[2], активирањето на SmartThings AI Saving режим носи реална заштеда од околу 30% кај машините за перење, а во одредени циклуси и повеќе.

  • Bespoke AI Laundry: Новата генерација апарати од Samsung Bespoke палетата ги решава дилемите околу перењето на алиштата. Со функцијата AI Wash+, машината ја мери тежината на алиштата, типот на ткаенината и нивото на валканост, автоматизирано дозирајќи ја потребната вода и детергент, додека вие можете да се опуштите и да уживате без грижи за тоа дали сте ја одбрале вистинската програма или пак да ја проверувате машината на секои две минути. Со активирање на AI Energy режимот, потрошувачката на струја се намалува преку оптимизирање на температурата. Во меѓувреме, за целосен спокој, тука е SmartThings со известувања за циклусот на перење и заштедата, директно на вашиот телефон.
  • Bespoke AI фрижидер: Ладилникот ги препознава намирниците во внатрешноста преку вградени камери и SmartThings Food, спречувајќи фрлање храна со тоа што ве известува за роковите на траење. Во позадина, неговиот AI компресор заштедува до 10% дополнителна енергија, додека благодарение на SmartThings Energy на твојот паметен телефон ја следиш неговата потрошувачка во реално време и ја споредуваш со претходниот месец.

Екранот како централен “мозок“: Од ремек-дело во дневната до софтверски управувач

Кога ќе се вратите дома по долгиот ден, сакате вистински одмор. Телевизорите на Samsung веќе не се само екрани за гледање филмови. Тие служат како вграден SmartThings центар за управување со сиот домашен екосистем.

  • Micro RGB: Врвот на дисплеј технологијата. Samsung Micro RGB (R85H) нуди микроскопска прецизност на боите и светлината со самосветлечки RGB пиксели, создавајќи кинематографска длабочина која го овозможува најсовршениот преглед на содржини досега.
  • The Frame: За оние кои бараат врвна естетска хармонија. Кога е исклучен, The Frame се трансформира во уметничка слика благодарение на Matte Display технологијата која спречува рефлексија, прикажувајќи познати светски уметнички дела од Samsung Art Store.
  • Интегрирана контрола: Додека уживате во содржините на Micro RGB или The Frame, наместо да го употребувате далечинскиот управувач, до помош на Quick Remote во апликацијата SmartThings можете да ги менувате каналите, да управувате со јачината на звукот и многу повеќе. Дополнително, директно од екранот можете да управувате со вашиот паметен дом. Преку приказот на телевизорот, со еден клик го имате целиот дом под контрола без да го прекинувате вашето омилено шоу.

Долготрајна сигурност со продолжена гаранција

Технологијата што е создадена да ви го олесни секојдневието треба да биде и сигурна инвестиција на долг рок. Samsung уредите се дизајнирани за трајност, а со цел сè да функционира беспрекорно како и на првиот ден, корисниците можат да искористат посебна поволност за продолжена гаранција. Доколку го опремувате домот со нови апарати за домаќинство, фрижидери, машини за перење, сушење, комбинирани машини или вградени кујнски апарати купени во истиот промотивен период, остварувате право на дури 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години дополнителна гаранција). За активирање на продолжената гаранција, потребно е да извршите регистрација и да оставите рецензија на samsungprodolzenagarancija.mk најдоцна 30 дена од купувањето на уредот.

Домот што ви го враќа времето

Истражувањата се во право. Вистинскиот луксуз во 21 век е слободното време и спокојот дека вашиот дом е безбеден и енергетски ефикасен. Со синергијата меѓу SmartThings, Bespoke Home уредите и премиум ТВ екраните, Samsung создава екосистем кој тие неколку скапоцени слободни часа дневно ви ги враќа вам. Затоа, направете ја вистинската одлука и уживајте!


[1] Студија „Еволуција на потрошувачката на енергија во домот: намери, активности и пречки за поголема енергетска ефикасност на домот“; Со студијата биле опфатени 13.000 луѓе од 11 земји ширум светот, при што беа откриени глобалните ставови кон енергетската ефикасност во домаќинствата, одржливоста и технологијата за паметни домови. Повеќе детали на следниот линк.

[2] Податоците за заштеда на енергија се базираат на независното годишно глобално истражување на Carbon Trust и Samsung Electronics, објавено во декември 2025 година, а спроведено на 187.000 паметни уреди во 126 земји согласно DUCD стандардите. Повеќе информации на следниот линк.

- Advertisement -